Лични податоци и телефонски броеви на над 500 милиони корисници на Фејсбук беа објавени јавно на еден форум, пренесуваат светските агенции.

Според „Блумберг“, ова се лични податоци на над 533 милиони корисници на Фејсбук од 106 земји.

Личните информации вклучуваат телефонски броеви, целосни имиња, локации, родендени, биографии, а во некои случаи и адреси на е-пошта.

„Бизнис инсајдер“ проверил неколку податоци и го потврдил нивниот кредибилитет, пишуваат медиумите.

Портпаролот на „Фејсбук“ изјави дека е можно тоа да се случило поради проблемот што компанијата го имала во 2019 година.

Експертот за компјутерски криминал Алон Гал, кој прв откри што се случило во јануари, коментира за „Бизнис Инсајдер“ дека податоците може да ги користат компјутерски криминалци кои користат лични податоци на луѓе во измамите што ги прават.

– Базата на податоци со оваа големина, која содржи такви лични податоци, може да доведе до употреба за обиди за хакирање или разни измами – рече Гал, кој објави и список на земји од кои беа откриени податоците на корисниците на Фејсбук уште во јануари.