Во кината од 20 февруари

Целиот живот го поминува со кучиња, ја разбира нивната природа и начин на живот, за што за авторската екипа на најновото остварување „Повикот на Дивината“ станува прв избор за главниот протагонист на филмот. Прославениот холивудски актер Харисон Форд е во главната улога на најновата екранизација на истоимениот класик на Џек Лондон, во која главен партнер му е кучето Бак.

Приказната која е актуелна и по 100 години од нејзиното настанување, во режија на Крис Сандерс („Како да го Тренирате Вашиот Змеј“), користи врвни визуелни ефекти и технологија на анимација со чија помош животните во филмот изгледаат сосема реално. Приказната за Бак, кучето кое е оттргнато од својот дом и препуштен на непознатото, според авторите на филмот е приказна за пронаоѓање на подобра и посилна верзија од нас самите.

Бак, кучето со големо срце чиј скоро совршен живот целосно се менува. Наеднаш го селат од својот дом во Калифорнија и го носат во во егзотичната дивина на Аљаска во време на златната грозница на крајот на 19от век. Како нов е вклучен во екипа кучиња кои влечат санка за доставување на пошта, потоа тој станува лидер на тимот. Бак има животна авантура и конечно го пронаоѓа својот мир кога станува сам свој газда.

Покрај Харисон Форд, во останатите улоги ќе ги гледаме Карен Гилан, Бредли Витфорк и популарниот француски актер Омар Си. „Повикот на Дивината“ се наоѓа на редовниот репертоар на кината: Синеплекс, Градско Кино Милениум Скопје, 3Д Кино Битола и Киноверзум во Свети Николе.