Уличната уметност е вид креативен израз што често го покажува ставот на уметникот за светот во кој живееме или неговата реакција на актуелните настани. Овој вид уметност е специфичен и затоа што, за разлика од, на пример, сликарството, самото дело е средината во која е создадено и генерално не може да се пренесе од една локација на друга.
За повеќето луѓе, првата асоцијација со уличната уметност се графитите и муралите на фасадите на зградите со кои секојдневно се среќаваат.
Францускиот уличен уметник Клет Абрахам, меѓутоа, избра многу понеобичен начин за креативно изразување. Имено, тој одлучил да ги модифицира сообраќајните знаци со посебни налепници за да пренесат уште една порака, освен онаа за која се поставени.
Иако нема ништо против сообраќајните знаци, Клет смета дека тие се соодветен симбол на современото општество, во кое количеството правила надминуваат разумна мера.