Американската федерација на ТВ и радиоуметници (АФТРА) ќе одржи состанок на кој ќе решава за исклучување на американскиот претседател, Доналд Трамп, од своите редови.
Синдикатот САГ-АФТРА, кој обединува околу 160.000 актери, новинари и други медиумски професионалци, во соопштението вели дека свикал состанок на својот дисциплински комитет во врска со улогата на Трамп во насилниот упад на толпата во американскиот Капитол на 6 јануари.
– Доналд Трамп ги нападна вредностите што ова здружение ги смета за најсвети – демократијата, вистината, почитта кон нашите сограѓани од сите раси и вери и светоста на слободниот печат. Рамна е линијата од неговото безобразно непочитување на вистината до нападите врз новинари извршени од неговите следбеници – вели Габриел Картерис, претседателка на САГ-АФТРА.
Трамп стана член на САГ по неговите појавувања во неколку холивудски филмови и ТВ-емисии почнувајќи од „Сам дома 2“ до „Сексот и градот“ во раните 1990-ти.