Во организација на музичката продукциска куќа „Сил-Вла“, на 17 октомври, во 20 часот, во Ахен, Германија, ќе се одржи голем концерт на кој публиката ќе може да ужива во мјузиклот „Ромален“ на „Силви бенд“.

Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика, исполнет со богати кореографии, прекрасни народни и традиционални носии, со најубавите ромски романси од целиот свет и со броен оркестар на сцена. Ова музичко уметничко доживување минатите години се одржа и во Скопје и во неколку градови во нашата земја и предизвика големо внимание.

Според сите што имале можност да го погледнат овој перформанс тој ќе остави белег со својата рустичност, древност и оригиналност.

Проектот е поддржан од Министерството за култура како настан од национален интерес за оваа година.