Расел Кроу во „Растроен“

Премиерното прикажување на филмот „Растроен“ (Unhinged) на Расел Кроу ќе се обиде да ги врати гледачите во киносалите, откако коронавирусот ја затвори филмската индустрија, пишува „Инсајдер“.

Трилерот „Растроен“ ќе биде ставен репертоар од 1 јули во кината во САД, се вели во најавата од продуцентската компанија на филмот „Солстис Студио“.

Филмот ќе се најде во киносалите и во други делови на светот, вклучувајќи ги Австралија, Кина, Германија, Јужна Кореја и Шпанија до крајот на јуни или јули.

По шитењето на пандемијата на коронавирус низ САД, се прикажуваа само мали независни филмски наслови, и тоа само во кина на отворено бидејќи сите кино-сали се затворени.

Како што државите почнуваат постепено да се отвораат, така и киносалите ќе се организираат со социјално дистанцирање и вработените ќе носат маски за лице.

Јасно е дека „Растроен“ ќе биде тест за да се види, не само како се спроведува социјалното дистанцирање, туку и ќе им покаже на студијата дали е вистинско време за враќање на филмовите во киносалите.