Промената е забележана во документацијата на новата фирма „Травалист“. Во документите, Војводата од Сасекс не ја користи неговата кралска титула, ниту пак Моунтбатен Виндзор, презимето на неговото семејство, тврди британски „Експрес“.

Хари, исто така, веќе не го користи презимето Велс. Додека бил на училиште и во војска, војводата го користел презимето Велс.

Неговото име на документите за регистрација се појавува како принцот Хенри Чарлс Алберт Дејвид, војвода од Сасекс.

По преселбата на двојката во Калифорнија, принцот Хари отворил канцеларии во Беверли Хилс и уште една во Лондон.

На официјалните документи, Хари е наведен како „индивидуално лице со значителна контрола“.

Видот на бизнис е означен со терминот „професионални, научни и технички активности што не се класифицирани на друго место“.

– Предводена од  Војводата од Сасекс, „Травалист“ е смела нова глобална иницијатива основана од Букингком, Скајсканер,ТрипАдвајзор и Виза, со амбиција да го промени влијанието на патувањето за подобро. Ние веруваме во моќта и важноста на патувањето и дека исто така имаме заедничка одговорност кон нашата планета и едни кон други. Затоа се здруживме како катализатор за промени. Ние сакаме да бидеме движечка сила што отвора нов начин за патување, помагајќи им на сите да го истражуваат нашиот свет на начин што ги штити луѓето и местата, и обезбедува позитивна иднина за дестинациите и локалните заедници за следните генерации – пишува на веб-страницата на „Травалист“.