Честото консумирање кафе е корисно за човекот и може да доведе до позитивни промени во организмот, соопштија експертите од медицинскиот центар на универзитетот „Еразмус“ во Холандија.
За време на истражувањето, научниците откриле дека љубителите на кафе имаат намален ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања.

Покрај тоа, експертите го проучувале и влијанието на овој пијалак врз одредени епигенетски маркери и откриле дека кафето ги менува хемиските маркери во ДНК на човекот.
Исто така, се истакнува дека во некои случаи промените што се случиле може да се пренесат и на следната генерација. Сепак, засега нема точно објаснување за овој феномен, се наведува во статијата објавена од „Њу саентист“.