Храната е неопходност, што за голем дел од луѓето значи дека треба да изедат нешто, што било, за да не бидат гладни и тоа е сѐ…, но тоа не е добро. Имено, нездравата храна дефинитивно значително ќе ви го скрати животот, додека животот со здрава храна ќе биде поквалитетен и подолг.
Но иако сме свесни за сето тоа, сепак јадеме сè, а некои намирници треба да се избегнуваат во широк опсег. Според експертите, еден вид храна е особено лош и го скратува животниот век. Станува збор за ултраобработената храна. Таквите намирници се широко достапни и често се работи што лесно и брзо се приготвуваат, па многу луѓе ги консумираат.
Но зошто експертите велат дека тие се толку лоши? Затоа што тоа се работи што немаат речиси никаква хранлива вредност. За време на процесот на преработка, сите хранливи материи се отстрануваат од храната. Тоа се претежно готови и пакувани пекарски производи како колачи, бисквити, замрзнати оброци, брза храна, газирани пијалаци и солени грицки како чипс.
Покрај тоа што нема хранлива вредност, консумирањето ваква храна го зголемува внесувањето сол во организмот, а со тоа се ризикува висок крвен притисок и појава на кардиоваскуларни болести.
– Од таквата преработена храна исто така и се дебелее. Се разбира, неколку килограми не се проблем, но ако се претвори во дебелина бидејќи често јадете преработена храна може да доведе до поголем ризик од дијабетес, висок крвен притисок, мозочен удар и срцеви заболувања. Покрај тоа, таквата храна може да ѝ го скрати животниот век на една личност. Едно истражување покажа дека секојдневното консумирање преработена храна ја зголемува смртноста за 67 отсто – пишува порталот „Итс дис“.