Ерсан Зибер

Талентираниот модел Ерсан Зибер (28), кој родум е од Македонија, наскоро ќе се појави во една популарна турска серија.

Зибер на тој начин ќе се опроба и во актерството, откако во изминатите 15 години имаше бројни ангажмани за познати модни брендови како што се „Масимо Дути“ и „Бос“. Тој во својата манекенска кариера беше дел од агенциите „Моделс ин“ и „Црнокрак“, а работеше и во Италија и во Франција.

Зибер моментно е на одмор во Македонија, додека прави пауза од работните обврски.