Кинескиот производител на електрични возила „ИксПенг“ планира масовно производство на летачки автомобили до 2024 година, чија цена, како што е најавено, нема да надмине 157.000 долари, пренесе „Танјуг“.
Оваа кинеска стартап-компанија го претстави прототипот на возилото „икс 2“ развиен од „ХT аeрo“, подружница на компанија специјализирана за летачки автомобили.
Во извештајот на порталот „Теч Кунч“ се наведува дека минатата недела „ИксПенг“ обезбедил најмалку 500 милиони долари од инвеститорите за овој производствен проект.
Летачкиот автомобил ќе се управува на мала надморска височина со волан за возење по патишта и една рачка за режими на летање.
На веб-страницата на „ИксПенг“ е наведено дека со „икс 2“ ќе може да се возат две лица, тој има ротори што можат да се преклопат кога возилото е во режим на уличен сообраќај, а се рашируваат при режим на летање. Максималното време на летот е до 35 минути.