Елизабет Харли во ТВ-шоуто „Пипл“, меѓу другото зборувала и пријателство со поранешниот сопруг Хју Грант, со кој беа во брак 13 години. Тие се разведени 20 години, пренесува „Фокс њуз“. Харли открила и дека често разговара со Грант.

– Јас и понатаму одам кај него за совет за сценарија, иако тој е среќно оженет со пет деца, но и јас сум среќна. Има одредени работи за кои многу добро се согласуваме – рекла таа.

Минатиот четврток, Елизабет Харли која е актерка и поранешен модел му посакала среќен шеесетти роденден на Грант на Инстаграм. Грант е кум на Демиен, синот на Харли, која таа го има со починатиот филмски финансиер и филантроп Стив Бинг.

Поврда за добрите пријателски односи меѓу Харли и Грант е и изјавата на Грант за магазинот „Пипл“ во 2018 година, дека е „идиот“ што се разделил со Харли. Грант и Харли се разделија откако тој имаше врска со проститутка во 1995 година, додека тој сè уште беше со Харли.

– Мислам дека тоа е делумно затоа што заедно почнавме од нула и на почетокот поминавме страшни години кога двајцата немавме никаква работа, живеејќи во мал стан. Тоа беше она што не зближи – кажа Грант, додавајќи дека тој и Харли станале „како брат и сестра“.