За време на средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и ветераните на одбележувањето на 75-годишнината од Денот Д, големо внимание предизвика 93-годишниот ветеран Томас Кутберт, кој симпатично флертуваше со првата дама на САД, Меланија Трамп.

Откако се ракуваше со Трамп, тој се сврте кон Меланија и искоментира: „Ех да бев 20 години помлад“.

Меланија и Доналд Трамп се насмеаа на неговот коментар.

– Ме изненади. Кога го видов на телевизија мислев дека е поинаков, но тој е еден од нас. Неговата сопруга е исто така многу љубезна – изјавил Кутберт подоцна.