Стравот од коронавирус резултира со свадба без младенци. Младата сингапурска двојка Џозеф Ју и Канг Тинг се вратила од патување во Кина неколку дена пред свадбата, а гостите изразиле загриженост поради можноста да биле изложени на коронавирусот, јави „Би-би-си“.
Двојката нашла решение – пријателите и семејството биле во салата без младенците, кои организирале видеоврска до хотелската соба, од која ги поздравувале гостите.
Младенците одржале поздравни говори и им наздравиле на гостите од далечина.
– Не бевме тажни, туку малку разочарани – рече Ју, додавајќи дека немало друго решение затоа што хотелот не сакал да го одложи приемот.
Од 190 поканети гости, 110 присуствуваа на приемот.