Гледајќи една година наназад, јасно е дека треба да прославиме нешто што веројатно нема да се случи повторно. Иако се чини како да е многу одамна откако „Дизни“ го издаде „Одмаздници: завршница“ на „Марвел“, филмот бележи најголема заработувачка од целокупниот кинематографски универзум на „Марвел“ и постави нови рекорди во глобалните киноблагајни, не само за 2019 година, туку и за 21 век – и тоа веројатно ќе остане така. Кога полека ќе стивне пандемијата, филмскиот бизнис повеќе нема да биде ист. Beќе забележуваме сѐ помалку и сѐ попразни киносали, па дури и за филмовите на „Марвел“.
Земајќи ја предвид неизвесноста од иднината на театарскиот филмски модел, „Завршница“ нè потсетува на височините што може да ги постигне еден блокбастер од вакви размери. Кога театарската пумпа е подготвена и функционира најдобро, едно исклучително финале на франшиза, како што е „Завршница“, може да достигне 2,8 милијарди долари во светот.
Фактите посочуваат дека блокбастер како „Завршница“ е мотор што влече и други филмови со себе. Тој ја „подмачка“ целата киномашина за помали но комерцијални хитови за 2019 година, како што беа „Ние“ и „Си беше еднаш во Холивуд“, па до оние за кои најгласно се зборуваше, „Малите жени“ и „Паразит“.
Овој работен апарат за филмови постои, секако, уште од 1970-тите години, така што „Завршница“ го собори целокупниот рекорд во премиерниот викенд – американски (357 милиони долари), странски (843 милиони американски долари) и низ светот (1,2 милијарда американски долари). Како резултат на тоа се намалија трошоците за производство и глобалниот маркетинг (650 милиони американски долари) – што претставува навистина редок подвиг. Никогаш претходно не е регистриран толкав број на посетители само во првиот викенд – речиси 30-35 милиони кинопосетители во Северна Америка и веројатно над 100 милиони низ светот.
Во споредба со други хитови, како што е неодамнешната сензација на „Нетфликс“, серијалот „Кралот на тигрите“, се претпоставува дека барем дел од серијалот бил стримуван од 34 милиони гледачи во текот на првите десет дена во САД. Тоа е приближно исто како и „Завршница“, но во трипати подолг временски период, за време на пандемијата, кога најголем број на претплатници на „Нетфликс“ се во карантин.
„Завршница“ со својот светски рекорд од 2,8 милијарди американски долари не само што беше клучен настан минатата година туку и помогна да се продолжи театарскиот модел. Покрај „Дизни“, минатата година исто така напредуваа и низа други оригинални наслови.
Меѓу нив беа „Ножевите надвор“, „Форд против Ферари“, „1917“ и „Невидлив човек“, како и многу други самостојни изданија.
Со оглед на моменталната ситуација, Холивуд не знае дали некогаш ќе се произведуваат филмови на ниво на буџет на „Завршница“ или колку киносали ќе продолжат да функционираат. Но утеха претставува фактот што една година по „Завршница“, најгледаниот филм минатиот викенд доаѓа токму од неговите режисери, браќата Русо. „Екстракција“, во кој глуми Крис Хемсворт, е на првото место според гледаноста на „Нетфликс“, откако ја имаше својата премиера минатата недела. Колку повеќе нешта се менуваат, толку повеќе тие остануваат исти.