Предмети и места преполни со бактерии и вируси

Светските научници секој ден се обидуваат повеќе да научат за коронавирусот за да успеат да пронајдат вакцина и да го спречат ширењето на болеста. Група експерти за здравјето објавија листа на јавни места што задржуваат најмногу бактерии и што не треба да се допираат, пишува „Дејли мејл“.

Претходните истражувања покажаа дека вирусите како САРС, кој е во групата на корона, може да преживеат на метал, стакло и пластика дури девет дена. Иако температурите се над 30 степени и миењето со дезинфекциски средства го спречува ширењето, стручњаците предупредуваат на одредни места.

Парите, банкоматите и копчињата за лифт се некои од местата што се исклучително заразени со бактерии. Копчињата за лифт имаат дури 40 отсто повеќе бактерии отколку даската во јавните тоалети, како што покажа истражувањето извршено во Аризона.

Наместо овие места да се допираат со рака експертите советуваат да се притискаат со лакти или со ракав, за подоцна да не го пренесете вирусот на очите или устата. Исто така, се препорачува по допирање какви било јавни површини, миење и дезинфекција на рацете. Треба да се внимава и на допирање на лицето со валкани раце. Најдобро е миење на рацете со сапун, а не со дезинфекциски средства. Исто така, сапунот треба да биде течен, а не во камен бидејќи тој веќе е заразен со бактерии.


Предмети што се полни со бактерии:

Копчиња за семафори
Тацни за храна
Колички и кошници
во дуќани
Копчиња за лифт
Пари
Банкомати
Кваки
Тастатури и глувчиња
Јавни тоалети
Клучеви