Прочистете го воздухот во вашиот дом со растенија
Следува постуден период од годината или, со други зборови, неколку месеци кога поголемиот дел од времето го поминуваме во нашите домови. Затоа е многу важно просториите во кои престојуваме да бидат проветрени и свежи.
Растенијата што ги чувате во вашите домови може да ве заштитат од чадот од тутун, бактерии, габи… Затоа, експертите предлагаат да си купите алое вера, кактус или палма.
Кактусот ќе го апсорбира штетното електромагнетно зрачење, ќе ја намали концентрацијата на испарливи органски материи и, генерално, совршено го прочистува воздухот. Со сето тоа, ова растение не бара многу светлина и грижа.
Покрај тоа што се користи за регенерирање на кожата и организмот, магичната алое вера е одлична и за прочистување на воздухот. На пример, брзо и ефикасно ги отстранува штетните материи, вклучувајќи го и зрачењето од мониторите и ТВ-екраните.
Може да пробате и со мало стебло палма. Според истражувањето спроведено од НАСА, палмата арека е рангирана на осмото место по ефикасност на отстранување на формалдехидот. Многу добро ги одржува влагата и свежината во просторијата и многу брзо ги отстранува хемиските токсини од воздухот.