Познатиот македонски пејач Давид Темелков, кој веќе десетина години гради успешна кариера во Хрватска, вчера одржа голем концерт во Нова Градишка во рамките на манифестацијата Музичко лето. Претходно подготви пурпури од најпознатите хитови на Тоше Проески, бидејќи токму во близина на ова место срцето на балканскиот ангел престана да чука на 16 октомври во 2007 година.
Но, во животот велат ништо не е случајно, бидејќи во Хрватска, Давид веќе го нарекуваат наследник на Тоше, пред се поради прекрасниот вокал и харизмата.
Во петокот вечерта, некаде при крај на концертот, тој ја повикал на сцена девојката Елена Јунг, телевизиска водителка, со која е во врска неколку години, клекнал и ја побарал за жена.
Овој магичен момент пред очите на бројната публика го забележал со камера водителот Далибор Петко.
„Ова се случи“, напишал тој на снимката на која се гледа како Елена стои збунета, а потоа го зема микрофонот и вели „да“ и силно го прегрнува новопечениот свршеник.
Им посакуваме многу среќа!