Филмот „Ад астра“ со Бред Пит пристигнува во домашните кина на 19 септември. Тоа е еден од најисчекуваните филмови оваа година. На ова патување на самиот раб на Сончевиот Систем, Рој (Бред Пит) ќе открие тајни што го доведуваат во прашање човечкото постоење, како и нашето место во вселената.
Овој научнофантастичен трилер е сместен во иднината, а Рој ќе се обиде да го пронајде својот исчезнат татко, легендарниот астронаут, кој го игра Томи Ли Џонс. Покрај тоа што двајцата се астронаути, нивните заеднички цели се да се одговори на сите животни загатки што се кријат во длабоката вселена.
Фантастичниот спој на вселенска авантура и не секогаш совршените односи меѓу луѓето ќе ги заинтересираат и гледачите што не се обожаватели на научната фантастика. Во новиот трејлер одблизу ќе се запознаеме со главниот лик и ќе дознаеме дел приказната на „Ад астра“, што на латински значи „преку трње до ѕвездите“.
Покрај Бед Пит, главните улоги ги играат: Томи Ли Џонс, Лив Тајлер, Доналд Сатерленд и Рут Нега.