фото: З.А.

Ликовната изложба на младата уметница од Тетово, Арбреша Амети, насловена „Текстура во сликарството“, беше отворена вечерва во уметничкиот салон од Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево. Амети за првпат со свој опус се претстави пред љубителите на уметноста од Кичево. На изложбата беа претставени околу 30 дела работени во повеќе техники и со различна големина.

– Во оваа изложба можете да забележите дека се тоа творби од неколку сликарски циклуси. Истата буди љубопитност кај гледачите, можеби прашувајќи зошто не се сите слики меѓусебно поврзани или зошто едноставно не продолжив да го сликам истиот циклус во сите дела. Но мојата љубопитност ме упати на долг пат од различни експерименти, текстурни и структурни, покажувајќи ја мојата експресивност во различни дела или поточно да се насликаат различни циклуси на слики, без да се поставуваат ограничувања на идеите и моето експериментирање во овие дела. Сакам да избегнувам да ги емитирам сликарите кои долго време ги земам како пример – истакна младата уметница Арбреша Амети.

Амети има земено учество на повеќе групни изложби. Таа била учесник на повеќе групни изложби и тоа „Пролетен салон- Тетово-2021“, колективна изложба (онлајн) во Турција, втора колективна (онлајн) изложба во 2021 „Визија Тајланд“, во 2021 година е добитник на ноемвриска награда како дел од колективна изложба, а била дел и од други колективни изложби во земјава и надвор од неа.

З.А.