Тактилните изложби „Допирот на уметноста“ на НУ Завод и музеј Битола, проследени со онлајн-обуки и вебинари деновиве беа претставени во Словенија и Хрватска.
Експертите од НУ Завод и Музеј Битола учеа од најдобрите и воедно го споделија своето искуство со меѓународно признати експерти и релевантни институции, во однос на проектите за лицата со попреченост.
– Цел на овие гостувања беше промоција на нашето богато културно наследство преку тактилните изложби и работилници во регионот, со став дека музеите се за сите.
Гостувањето со тактилни изложби во Хрватска и Словенија беше заокружено со работилници во Марибор и Загреб, во насока на одбележувањена 18 – ти мај, Меѓународниот ден на музеите – рекоа од НУ Завод и Музеј Битола
М.М.