Покрај учеството на најголемите домашни издавачки куќи, на годинашното издание на Саемот на книгата ќе има учесници и од регионот, Србија, Косово, Албанија. Значајно претставување оваа година ќе има и Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со турскиот културен центар „Јунус Емре“. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со промоции и гостување на автори и уметници од оваа земја.
Најголемиот празник за читателите во земјава – Саемот на книгата, оваа година ќе се одржи од 3 до 9 мај во СРЦ „Борис Трајковски“.