Од светското кино

Средношколската професорка по историја Еми снима домашно видео за време на сексуалниот однос со нејзиниот маж. Откако тоа видео ќе заврши на интернет, започнуваат нејзините маки: родителите бараат да биде отстранета од училиштето, но Еми им се спротивставува… Станува збор за неверојатната сатира на романскиот режисер Раду Жуде, кој исто така се потпишува и на сценариото. Филмот е необична комбинација на два многу различни филма, кои не функционираат во хармонија, но крајот има совршена смисла и поента.

Филмот е полн со мрачен хумор, порноелементи, бизарности. Дејството е сместено во центарот на немирните улици на Букурешт.
Критичарите велат дека филмот е презирна шлаканица на досадата, на лицемерството, злобата, како и дека има бунтовничка искра. „Со среќа дупење или улаво порно“ е филм што нѐ отсликува нас, или комедија за нашиот свет. Сексуалната сцена што се појавува на почетокот на филмот е снимана со професионални порноактери.

Раду Жуде го снимаше филмот за време на пандемијата. Филмот ја освои „златната мечка“ на 71. Берлинале, беше прогласен за најдобар филм на „Ист вест: Голден арч интернешенал филм авордс“, како и на „Пула филм фестивал“, и имаше уште многу други номинации и признанија. Улогите ги играат: Катја Паскариу, Клаудија Јеремиа, Олимпија Малаи. Филмот е во продукција на Романија, Чешка, Хрватска, Швајцарија, В. Британија, а е дел е и од априлската програма на Кинотеката на Македонија.