Фото: З.А.

Во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево, вечерва од 17 часот ќе се одржи концерт со наслов „Скопски квартет хорни“ со Александеар Гошев, Никола Трајкоски, Благоја Василески и Сара Елек.

– Кичево е третата и последна станица на квартетот кој вечерва ќе се претстави пред љубителите на овој вид музика од нашиот град. Четворицата хорнисти во состав Благоја Василески, Никола Трајкоски, Александар Гошев и Сара Елек ќе ги изведат делата на Диевиц, Ханс Писка, Јозеф Шантли, Ловел Шоу, Жан Јозеф Марет, Мартин Хајнрик, Ѓузепе Верди, Милер и Вебер. Почетокот на концертот е во 17 часот . И покрај студеносто време се очекува солидна посета на нашите сограѓани – истакна Маја Николоска-Сиљаноска портпарол на Центарот за култура.

Сиљаноска нагласи дека овој проект финансиски е подржан од Министерството за култура на Македонија за 2022 година З.А.