Синоќа во уметничкиот салон од Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, беше отворена 14-та самостојна изложба на слики на Драган Кузаманоски, со работен наслов „20 години творештво“. Ова е четврта по ред изложба на Кузманоски во Кичево а беа претставени повеќе од 30 дела во техники, акрил на платно и масло на платно.
-По четврти пат синоќа гостував со своја изложба во Кичево, со која сметам дека ги задоволив уметничките вкусови на сите присутни во уметничката галерија. Овие дела се изработени во изминатите дваесет години, како што впрочем говори и насловот на изложбата. Во моите дела тежиштето е да се афирмира руралната архитектура која оставила трага во елементите кои добиваат поетично значење. Задоволен сум што моите дела ги красат домовите на многу жители на Хрватска, САД, Канада и се разбира Македонија. Помеѓу делата што ги претставив на вечерашната изложба е и мојата најомилена творба изработена со акрилни бои со наслов „Пролет“, што ја создадов во 2020 година – истакна авторот. З.А.