По фестивалското гостување во Витербо, Италија, Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ e дел од 18. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ, Црна Гора.
Во натпреварувачкиот дел од програмата ќе бидат изведени шест театарски претстави од Црна Гора и од регионот (Србија, Хрватска, БиХ и Македонија).
Претставата „Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, се одигра на последната натпреварувачка вечер на 12 ноември на сцената на Никшиќко позориште. Следните изведби на „Народен непријател“ се закажани во МНТ на 24 и 25 ноември.