На Конкурсот на Друштвото на писателите на Македонија за најдобра творба на темата „Липа“ учествуваа 15 автори членови на ДПМ со 18 свои творби.

Жири-комисијата во состав Гоце Ристовски, Марина Мијаковска и Мирјана Стојановска ја додели наградата „Празник на липите“ за поезија за песната „Липа“ од Славица Дабевска Ќировска.

Жири-комисијата во состав Љерка Тот Наумова, Елена Пренџова и Зоран Пејковски ја додели наградата „Празник на липите“ за проза за расказот „Последниот Пурим“ од Михајло Свидерски.

Додека жири-комисијата во состав Весна Дамчевска Илиевска, Наум Бајо и Вања Изова Велева ја додели наградата „Празник на липите“ за есеј за есејот „Ништо необично“ од Трајче Кацаров.

Наградите на авторите ќе им бидат врачени на традиционалната меѓународна манифестација „Празник на липите“ што ќе се одржи на 14 јуни, со почеток во 11 часот, во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија.