Фото: Кабинет на претседателот

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими добитниците на највисоките признанија на „Струшките вечери на поезијата“.

Кабинетот на Претседателот соопшти дека меѓу присутните биле Кенсаку Таникава, син на годинашниот лауреат, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, добитниците на „Златен венец“ во 2020 година израелскиот поет Амир Ор и „Мосотви на Струга“ Џерардо Мазучо, како и директорот на мануфестацијата Тодорче Тасевски.

– Претседателот Пендаровски им честита на наградените поети изразувајќи надеж дека овие престижни награди со кои се валоризираат нивните поетски дострели, ќе претставуваат дополнителен мотив за уште поголеми литературни успеси во иднина – стои во информацијата.

На средбата, како што е наведено, претседателот оддал признание за целокупната организација на „Струшките вечери на поезијата“, потенцирајќи дека оваа манифестација е врвен културен настан во светот на литературата, кој покрај тоа што го афирмира македонското поетско творештво, ја приближува и светската поезија до македонската публика.