Фото: З.А.

Во текот на вчерашниот ден кога се одбележуваше големиот празник Успение на Пресвета Богопродица, познат и како Голема Богородица, во истоимениот храм во Македонски Брод се одржа Света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше неговото високо Превосвештенство Миторполитот Дебарско-Кичевски Г-дин Тимотеј, во сослужение со свештенството од Македонски Брод.

– На денот„ Успение на Пресвета Богородица“ истоимениот храм од Македонски Брод ја одбележа 150-годишнината од своето постоење. На одбележувањето и во присуство на голем број верници од градот и околните места, после одржаната литургија од страна на годинешните кумови Драган Апостолоски, Дарко Максимоски и Зоран Радески, беше организиран свечен ручек за сите присутни на ова одбележување. Инаку, во подготовките за ова одбележување верниците и општина Македонски Брод поставија нова покривна конструкција на црковниот храм и изградија нова натстрешница во која може да се сместат над 400 верници – рече Саше Костадиноски, свештеник од Македонски Брод.

Тој од името на сите верници од овој крај им се заблагодари на сите кои зедоа активно учество како материјално, финансиски, така и со работна рака. З.А.