Фото: МИА

Вечерва, во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ во фоајето на Национлната опера и балет во 20 часот ќе се одржи концерт посветен на 90 годиини од раѓањето на македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица.

Бранѓолица е на посебен начин уникатна појава во македонската музичка култура. Неговото богато музичко творештво е плод на повеќе влијанија, тенденции и животни ситуации. На 19-ти август 2022 година Бранѓолица го прослави деведесеттиот роденден.

Главна карактеристика на композиторскиот јазик на Бранѓолица, без оглед на видот на композициите или жанрот на кој тие му припаѓаат е неоромантичарскиот музички израз. Во неговото творештво речиси нема поведување по авангардните струења на дваесеттиот век. Неговите дела се тонални, со раскошна мелодика и со вешта оркестрација.

Поставена е интернет платформа, на која се сместени негови дела во дигитална форма. Оваа интернет архива содржи и дела кои се најдени во домашната архива.Автор на овој проект е Андреј Блажевски.

М.Т.