Во „Чифте-амам“ е отворена изложбата насловена „75 / 75“, со која започнуваат активностите за одбележување на јубилејот 75 години од формирањето на националната галерија.
– Континуираната успешна визија и мисија на нашата институција за собирање, чување, заштита и презентација на културното наследство, симболично ја крунисуваме со изложување 75 ексклузивни уметнички дела – слики и скулптури. Селекцијата на едни од најрано набавените експонати за нашата колекција, вклучувајќи и исклучително вредни, се базира на дела во кои ликовниот јазик на врвните мајстори се движи од класицизам до модернизам (преку неоромантизам, импресионизам, сецесија итн.), со акцент на студиозно третирање на фигурата и особено портретот – велат од НГМ.
На изложбата „75 / 75“ ќе бидат претставени дела од авторите: Сава Шумановиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Пјер Крижаниќ и др.