фото: Димитар Атанасоски

Писателката и професорка на Факултетот за драмски уметности Ана Стојаноска утревечер во 19 часот ќе одржи интерактивно предавање „Да пишуваме за театар!“ во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

– Затоа за мене театарот е најубавата уметност, трае како и животот – миговно. Учејќи го театарот, јас учев дека театарот треба да се чува во колективната и интимната меморија, а театарот се чува преку пишување. Затоа и одбрав да зборуваме за тоа како се пишува за театар, како се гледа театарска претстава, како се бележи театарска претстава, како се пишува за театарска претстава, што е театарска критика, и најважното – македонските прилики на театарските рецепции овде и сега – наведува Стојаноска.

Предавањето е од отворен карактер, а влезот е слободен.