Македонскиот краст-хардкор бенд „Шок Труперс“ на 2 март ќе го промовираат нивниот втор албум насловен „Глуво доба“. Двочасовната слушачка промоција, со почеток од 20 часот, ќе се одржи во винил продавницата АП(О)ТЕКА во МКЦ.

Албумот е под закрила на „Дајхард Рекордс“. Ова е првпат бендот да издаде албум на винил плоча, а најавено е дека албумот ќе биде достапен и на цеде. Албумот „Глуво доба“ доаѓа по пауза долга пет години од нивниот албум „Лешинари“ издаден во 2014 година.

Во пресрет на излегувањето на албумот, бендот сними и спот за песната „Соништа/сеништа“.