Во главниот град на Косово, денеска на 51-годишна возраст по тешко боледување, почина истакнатата филмска и театарска режисерка, Бурбуќе Бериша, која е по потекло од Скопје.
Бериша е автор и режисер на неколку играни филмски проекти, реализирани главно во Косово, каде што се школуваше и го помина поголемит дел од работниот век. Нејзини попознати дела, од кои некои имаат добиено и меѓународни признанија, се играните филмови „Косово 9/11“, „Суџук опен“ и „Приштинска приказна“, телевизиската серија „Лекси во градот“, а има снимено и неколку документарни филмови.
Освен тоа, има поставено неколку претстави на театарски сцени во Косово, Македонија и Албанија. За идната година таа се подготвуваше да постави една претстава на сцената на Националната институција Албански театар во Скопје.
Покрај како сценаристка и режисерка, Бериша има работено и како професор по режија, менаџер на кутурни инситутции, продуцент во филмската куќа „Косова филм“ и директорка на Националниот театар на Косово.
Бериша почина на нејзиното последно работно место, во Министерството за култура на Косово.