Утревечер со почеток во 20 часот во домот на културата „Иван Мазов Климе“ ќе се случи премиерата на претставата „Не сега драга “ од Реј Куни во режија на Диме Боцев а во изведба на ансамблот на кавадареќкиот театар . Претставата „Не сега драга“ е комедија на забуни, ситуации и интересни ликови и е наменета за публика над 16 години. Во претставата играат: Диме Коцевски, Магдалена Атанасова, Видан Станоев, Надица Анѓелкова, Александар Видиков, Сијче Трајкова, Диме Боцев и Сашко Орешков. За музиката во претставата се погрижи Пепи Ангелов а костимите се на Сара Милевска. На актерот Диме Боцев кој има долго искуство на сцената на кавадаречкиот театар претставата „Не сега драга“ му е режиско првенче.
– Со оглед на фактот што 80 отсто од претставите во кои сум играл се комедии сметав дека во овој жанр можам најмногу да дадам па затоа при изборот на драмски текст одлучив тоа да биде комедија, но комедија со многу рољи. Најпрвен почнав да копам во сандачето на мојот дедо исто така актер во кавадаречкиот театар Васо Ангелов за да најдам текст кој ми одговара на актерскиот тим кој ми е на располагање. Сепак изборот падна на драмскиот текст на Реј Куни односно адаптираната верзија за театарот „Комедија“ бидејќи сметав дека актерскиот тим и иактерите аматери со долг стаж на сцената на кавадаречкиот театар се вистинскиот избор и тоа ќе го одиграат најдобро. Идејата за сценографијата исто така е моја, а ја реализирав со подршка на Диме Темков и тимот од домот на културата. Сцената всушност е поделена на два дела , рецепција и две апартмански соби кои на почетокот се скриениот дел па ја држам публиката во неизвесност. Претставата трае 2 часа бидејќи драмскиот текст е долг 100 страници меѓутоа толку е интересна и динамична што мислам дека публиката ни во еден момент нема да почуствува замор. Јас во режискиот дел мислам дека дадов се што знам и
умеам , мојот максимум и успеав да ја добијам крајната слика што ја замислив – вели
режисерот Диме Боцев. Ми.М.