Претседателскиот музеј и библиотека Абрахам Линколн го продава црниот фустан на холивудската дива Мерлин Монро, со цел да се соберат средства за отплата на долг по купувањето на неколку предмети кои му припаѓале на тој американски претседател.

На аукцијата во Лас Вегас на 23-ти јуни, ќе бидат понудени девет предмети, меѓу кои и фотографијата на Мерлин Монро од 1950 година, наведува „Чикаго трибјун”.

Понудените предмети може да достигнат вредност од повеќе од 60.000 долари, објави аукциската куќа “Џулиен”.

Фондацијата Абрахам Линколн позајмила 10 милиони долари за да откупи негови предмети, како цилиндар, ракавици и книга од 1824 година.