Мозокот е најсложениот орган во човековото тело, а се верува дека луѓето користат само 10 отсто од неговиот капацитет. Има ли вистина во тоа? Различни студии го разоткриваат овој мит, па сосема е извесно дека е во прашање фикција заснована на претпоставки.
Многубројните истражувања покажаа дека е во прашање само мит, а неврологот Бари Гордон вели дека поголемиот дел од мозокот е активен. Така, со снимање на мозокот со функционална магнетна резонанца е утврдено дека постојат активности во мозокот и додека лицето извршува различни задачи. Користејќи го овој метод, истражувачите покажуваат дека поголемиот дел од мозокот работи речиси без прекин, па дури и во сон, но и кога извршуваме многу едноставни дејства.
Процентот на мозокот што се користи во кој било момент варира од човек до човек, а зависи од тоа што прави лицето или за што размислува.

Од каде произлезе митот за 10 проценти ангажираност на мозокот?
Не е јасно кога почна да се шири овој мит, но постојат неколку можни извори. Меѓу научниците има убедувања дека невроните сочинуваат 10 отсто од мозочните клетки, па можеби овој податок придонел за создавањето на митот.

Подобрување на функцијата на мозокот
Како и на секој друг орган, на мозокот влијаат начинот на живот, исхраната и вежбањето. За да се подобрат здравјето и функцијата на мозокот, потребно е да се храните правилно и да бидете ментално активни.

Исхрана на мозокот
Јаткастите плодови се богати со омега масни киселини и со антиоксиданти, што ги прави корисни за здравјето на мозокот. Исто така, овошјето и зеленчукот со темна кора се добри за здравјето на мозокот (спанаќ, брокула, боровинки, црвени пиперки, компир…). За мозокот добра храна се и лососот, скушата и туната.

Редовно вежбање
Со редовно вежбање исто така се намалува ризикот од здравствени проблеми што може да доведат до деменција, а брзото одење од половина час на ден е доволно да се намали опаѓањето на функцијата на мозокот. Исто така можете да возите велосипед, да џогирате, да пливате…

Мозокот треба да биде активен
Колку повеќе го користите мозокот, толку е подобра неговата ментална функција. Од таа причина, вежбите за тренинг на мозокот се добар начин за одржување на неговото општо здравје.
Една неодамнешна студија опфати десетгодишно истражување, кое покажува дека луѓето што практикувале вежби за мозокот го намалиле ризикот од деменција за 30 отсто.