Фото: принтскрин/илустрација

Група жени во Либан одржаа демонстрации пред парламентот барајќи поголеми казни за насилство и малтретирање жени.

Десетици жени учествуваа во акцијата организирана од здружението на жени „АБААД“ во главниот град Бејрут.

Жените носеа маици на кои со црвена боја пишуваше: „Моето тело не е твоја чест“, „Јас сум слободна, не сум твој имот“, „Малтретирањето е кривично дело“.

Тие излегоа на улиците на Бејрут за да го изразат своето незадоволство од ниските казни за малтретирање и напад. Извикуваа и пароли: „Без срам, нема казна“.

Истражувањето спроведено од „AБААД“ во 2021 година покажа дека само една од десет жени изложени на насилство во Либан бараат помош од полицијата или судот.