Фото: Принт-скрин Инстаграм

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео-обраќање до нацијата на социјалните мрежи во кое изјави дека руската армија ги претрпе најголемите загуби во последните децении.

Зеленски тврди дека 31 тактичка група на рускиот баталјон сега се неспособни за борба.

Тој бара итно ослободување на градоначалникот на Мелитопол, кој наводно е киднапиран од руските сили, велејќи дека за тоа разговарал со француските и германските лидери.

Зеленски, исто така, рече дека Украина работи со Европската комисија за да го забрза нејзиното членство во ЕУ.