Фото: Принтскрин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на воената состојба и за општа мобилизација во армијата.

Двата предлог-закони денеска ќе се разгледуваат од Комисијата за национална безбедност, одбрана и за разузнавање, а потоа ќе бидат испратени на гласање во Врховната рада.

Предлог-законите се со важност од 90 дена и треба да стапат во сила од 12 август до 9 ноември. Тоа ќе биде 12 гласање за продолжување на воената состојба и за општа мобилизација.