Фото: Пиксабеј

Американски и европски претставници разговараат со украинската влада – што би можело да се вклучи за можни мировни преговори со Русија за да се стави крај на војната, објави „Ен-би-си“ повекувајќи се на изјава на висок американски функционер и на поранешен американски функционер.

Во војната во Украина, која сега трае 21 месец, стотици илјади луѓе се убиени или ранети, а делови од земјата се опустошени. Војната ја предизвика најдлабоката криза во односите на Москва со Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

„Ен-би-си“ јави дека разговорите вклучиле многу широки контури за тоа од што Украина би можела да мора да се откаже за да постигне договор со Русија. Засега нема друга потврда од западни медиуми за наводите на американската телевизиска мрежа.

Разговорите со Украина доаѓаат во услови на загриженост меѓу американските и европските претставници дека војната дошла во ќорсокак, а исто така и поради способноста на Западот да продолжи да обезбедува помош за Украина, наведуваат неидентификуваните соговорници на „Ен-би-си“.

Русија во моментов контролира околу 17,5 отсто од меѓународно признатата територија на Украина