Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја коментираше најавата за референдум во окупираните делови на Украина. Плановите за референдуми за формално приклучување кон Русија кое го претставија назначените официјални лица од Русија во четирите освоени украински региони.
– Лажните референдуми немаат никаков легитимитет и не ја менуваат природата на руската агресивна војна против Украина. Ова е нова ескалација во војната на Путин. Меѓународната заедница мора да го осуди ова еклектично кршење на меѓународното право и да ја засили поддршката за Украина – напиша Јенс Столтенберг.
Претходно денес, од Украина стигна порака дека ако Русија распише референдум веќе нема да постојат шанси за преговори.
– Русите можат да направат што сакаат. Но, тоа нема да смени ништо – рече украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Њујорк, по средбата со американскиот амбасадор во ООН Линда Томас-Гринфилд.
Секој референдум за приклучување на украинските територии Русија ќе го уништи секој преостанат прозорец за преговорите за Киев и Москва, рече портпаролот на канцеларијата на украинскиот претседател.
– Без референдум сè уште постои најмалата шанса за дипломатско решение. По референдумот – не – рече Сериј Никифоров.