Vatican Cardinals
Фото: ЕПА

Бројот на кардинали кои ќе учествуваат во конклавата за избор на нов папа се намали од 135 на 133 – објави италијанската новинска агенција АНСА.

– Двајца кардинали објавија дека нема да можат да присуствуваат – изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, без да ги наведе нивните имиња.

Во последните денови, италијанските медиуми објавија дека шпанскиот кардинал Антонио Канизарес Ловера и кардиналот Винко Пуљиќ од Босна и Херцеговина ќе отсуствуваат од конклавата поради здравствени причини, иако лекарите подоцна на Пуљиќ му одобриле да учествува во конклавата во Систинската капела – наведува агенцијата.

Конклавата започнува на 7 мај во Систинската капела во Ватикан.