Фото: Пиксабеј

Федералната служба за безбедност на Русија денеска соопшти дека привела четворица руски државјани кои планирале да извршат терористички напад на местата каде има масовно собирање граѓани во градот Екатеринбург.

– Федералната служба за безбедност на Руската Федерација приведе четворица руски државјани, родени во 2007 и 2008 година, кои ги споделуваат идеите за терористичка организација забранета на територијата на Русија и кои планирале да извршат терористички акт користејќи импровизирана експлозивна направа на места за масовно собирање граѓани во градот Екатеринбург – се наведува во соопштение од службата.

Се посочува дека двајцата уапсени учествувале и во палење на службениот автомобил на Главната управа на Министерството за внатрешни работи на Русија за регионот Свердловск.