Фото: Принтскрин/Јутуб

Во американскиот град Балтимор се урна голем мост откако во него удри товарен брод, пренесуваат светските медиуми. Инцидентот се случил околу 1.30 часот по локално време.

Целиот сообраќај се одвива по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени. „Си-ен-ен“ побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали.

Според првичните информации, во моментот на уривањето на мостот имало неколку работници, како и најмалку три возила. Постои сомнеж дека сите завршиле во реката.

 

 

Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор.

Градоначалникот на Балтимор рече дека персоналот за итна помош е на местото на настанот и дека спасувачките напори се во тек.