Ватикан би можел да биде соодветно место за преговори за завршување на војната во Украина, изјави државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, јави Мина.
– Нашата желба е да понудиме простор каде што страните би можеле да се сретнат и да почнат дијалог без никакви претходни услови, каде што самите ќе треба да го дефинираат моделот на преговори – рече Паролин.
Агенциите потсетуваат дека Ватикан често ја изразуваше подготвеноста на Светата столица да посредува во постигнувањето каков таков дијалог меѓу Русија и Украина.
Папата Франциск постојано навестува дека Ватикан работи на изнаоѓање решение за војната во Украина,, потсетува црногорската агенција.