Фото: Фејсбук

Втората рунда преговори меѓу украинската и руската делегација треба да започне во Белорусија во следниот час.

Минимална цел на украинските преговарачи е воспоставување хуманитарни коридори, односно рути за бегство на цивили од областите каде што се водат борбите. Ова го соопшти украинскиот преговарач Давид Арахами, кој на Фејсбук објави и фотографија со колега од преговарачкиот тим пред хеликоптерот.

– Минимална цел – хуманитарни коридори. Понатаму, според околностите – напиша накратко Арахами.

Барањата на Русија ги објави министерот за надворешни работи на земјата, Сергеј Лавров. Тој рече дека Русија има три барања: Украина мора да се демилитаризира и денацифицира, да го признае Крим како дел од Русија, кој Москва го анектираше во 2014 година и формално да ги признае двата региона Донецк и Луганск како независни држави, што Русија го направи пред десет дена.