Британската полиција упаси маж на 22-годишна возраст, осомничен за обид на убиство на шест лица пред црква во Лондон.
Во нападот што се случил вчера пред црквата Свети Алојзие во Еустон тешко е рането седумгодишно девојче, како и уште пет женски лица.
Нападот бил извршен од возило во движење, а напаѓачот бил приведен од полицијата вчера попладнето во лондонската населба Барнет.
Од полицијата додаваат дека тешко повреденото девојче се уште е во животна опасност.
Жртвите присуствувале на комеморација за покојната девојка Сара Санчез, која во ноември почина на 20-годишна возраст од леукемија, исто како и нејзината мајка која почина истиот месец.
Свештеникот Џереми Труд што ја водеше комеморацијата изјави дека во моментот кога настанала пукотницата во црквата имало околу 300 луѓе.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го опиша пукањето како „многу вознемирувачко“; и додаде дека е во контакт со детективи за да се утврди што точно се случило.