Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице.
– Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа – се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Х.
Патнички авион со 61 патник и членови на екипажот се урна вчера во местото Вињедо, во близина на Сао Паоло, и нема преживеани. Според информациите на превозникот „Voepass Linhas Aéreas“ се работи за турбо-лесен авион АТР-72 што се урнал меѓу Каскавел и Гуаруљос.