Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува следната недела да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и оти „сака“ да разговара и со неговиот руски колега Владимир Путин.

Тој на заедничка прес-конференција со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба рече дека со Зеленски ќе разговара за безбедноста на украинските добра, како што се ретките земни метали.

На новинарско прашање за Појасот Газа, тој рече „нема брзање“.